Св. Кирил и Методиј

Христијанството почнало да се проповеда уште во времето на светите апостоли. Светиот апостол Павле ќе рече: „...оти од вас одекна словото Господово, не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе Славата за верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме“ (I Сол.1.8).
Во Македонија Христијанството почнало да се проповеда кога римскиот цар Константин Велики во 313 година го прифаќа како државна религија, а со тоа дал можност христијаните слободно да ја проповедуваат својата вера. Оформени се епископиите во: Солун, Стоби, Скупи, Астибо, Хераклеја и др.
Славјаните што се населувале кон крајот на V век, а Солун кој веќе бил седиште со епископија, Скупи метрополија итн., доаѓаат во судир со староседелците, меѓутоа со текот на времето истите го прифаќаат Христовото учење.Со почетокот на IX век, во времето на Византиската империја, христијанството доживува духовен и културно – просветен расцут. Во Солун, во тоа време живее семејство со висок привилегиран ранг – родителите на Светите Кирил (Константин) и Методиј.Под влијание на своите побожни родители, нивните рожби уште од својата најрана младост се посветуваат и образуваат во духот на Христовата вера. Константин – Кирил ја завршува Магнаурската школа каде што освен богословските науки ги изучува и: граматиката, аритметиката, географијата, астрономијата, музиката, поезијата, реториката итн.Методиј, за кого постојат оскудни сознанија се здобил исто така, со високо образование, бил надарен со христијански добродетелен живот и државно - воени способности. 

Управувал со Брегалничката област и придонел за прекрстување на Славјаните во тој дел.Во тоа време кнезот на Велика Моравија, Ростислав, испраќа молба до византискиот цар да му испрати учени луѓе што ќе проповедаат на нивен разбирлив јазик. Изборот паѓа на браќата Кирил и Методиј кои, покрај образованието, имале веќе мисионерско искуство (Сараценската и Хазарската мисија).Пред да тргнат за Моравија, ја создаваат славјанската азбука и доследно на тоа Кирил го преведува неделното Евангелие, Апостолот, Службеникот и Требникот, а Методиј Номоканонот – зборник од разни правила и закони за црквата и Патериконот – кратки житија за црковните Свети отци.
Откако ги земаат со себе своите најеминентни ученици и следбеници Климента, Наума, Сава, Горазд, Ангелариј и други, заминуваат во Моравија каде шот биле најсвечено пречекани од кнезот и народот. 

Maecenas volutpat

 

Exercation ullamco laboris cosqua in volupte cillum dolore paritur.

 

Exercitation ullamco laboris aliquip uisate consequa in voluptae velitsse cillum volutpat om dolore paritur. Excepteur apt occaecat cupidta proiden in deserun molliam laborum ut persicas omninatus voluptatem dolremue laudtium inate aperiam eaque inventore veritain architeco beatae nat vitae dictasun explicao conseqn ratione volptaem.

За кратко време ги удираат темелите на општославјанската проповед и писменост, отворени се бројни црковни училишта со ширење на Христовото учење, оспособени се голем број учители и свештеници од славјански род. Латинско – германското свештенство не можело да се помири со нивниот начин на учење и проповед, затоа ги обвинило кај римскиот папа дека шират ерес. Спрема тогашното учење Светот писмо можело да се пропведа само на латински, грчки и еврејски јазик. На пат за Рим, браќата и нивните ученици се задржале кај панонскиот кнез Коцељ ширејќи ја својата мисионерска и просветителска дејност. Од житието на Свети Кирил дознавме дека пречекот на Светите браќа од страна на римскиот папа Адријан II, како и од многубројните насобрани римјани бил величествен. Тие со себе ги носат Светите мошти на Свети Климент Римски кој бил маченички удавен во 100-та година по Христа кого римската црква го прогласила за светец. Во Рим, во 869 година во времето на тие настани папата ги посветил црковно - славјанските книги, со што римската црква официјално ја признала славјанската писменост и делото на Константин и Методиј.
Константин се замонашил и го добил монашкото име Кирил, додека Методиј примил свештенички чин од монашки ред. Набргу потоа Свети Кирил се разболел – умира на 14 февруари 869 година и е погребан во Рим.
Делото го продолжува Свети Методиј со помош на своите ученици. Прогонуван, измачуван и истоштен – починал во Нитра во 885 година. Учењето на Светите браќа и ширењето на проповедта кај славјаните го продолжуваат нивните најдаровити ученици. Ние во Гетеборг со радост и гордост го носиме името „Свети Кирил и Методиј“, на нашиот свет храм.


Maecenas volutpat

 

Exercation ullamco laboris cosqua in volupte cillum dolore paritur.

 

Exercitation ullamco laboris aliquip uisate consequa in voluptae velitsse cillum volutpat om dolore paritur. Excepteur apt occaecat cupidta proiden in deserun molliam laborum ut persicas omninatus voluptatem dolremue laudtium inate aperiam eaque inventore veritain architeco beatae nat vitae dictasun explicao conseqn ratione volptaem.